Екстремно загадување во Скопје: Не се гледа прст пред око и мириса на изгорена пластика

Како што расте концентрацијата на штетените Пм 10-честичките во воздухот, така расте и револтот кај граѓаните. Мерните станици низ Скопје веќе две недели покажуваат огромна загаденост на воздухот.

Воздухот утринава во Скопје е многу загаден, најверојатно поради густтата магла. Во сите останати градови во Македонија нема загадување на воздухот.

Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.

Најголемо загадување, утринава, покажала мерната станица  кај Ректорат. Таму се измерени 395 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен.Енормно големо загадување има и во населбата Карпош, каде се измерени 383 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен.Според мерењата, воздухот има над нормално загадување од овој тип.

Родители организираат бојкот на наставата поради загадениот воздух. На социјалните мрежи – повикот добива се поголем замав. Родителите нема да ги пуштат своите деца следната среда на училиште, со цел како што велат да испратат порака до надлежните дека проблемот со аерозагадувањето се уште не е решен. За само 24 часа над 600 граѓани се изјасниле дека ќе се придружат на акцијата, а над 2.000 се изјасниле дека се заинтересирани и тие да ја бојкотираат наставата.

„Бидејќи досегашните форми на протест не вродија со никаков плод, отсега го менуваме начинот на искажување револт. Наместо собир, предлагаме свесните и совесни родители со своите деца да ја бојкотираат наставата во училиштата на ден 20 декември 2017 година, среда. 

Со ова ќе укажеме дека проблемот не само што не е решен, туку и нема никакви најави дека ќе се реши, а уште помалку и дека било каква мерка ќе се спроведе. А, ние, најмалку нашите деца и постари, немаме уште една година“, пишува на постот на Фејсбук.

Градоначалникот на Град Скопје тврди дека завчера излегле на терен инспекторите и казни биле пишани, но прашањето кој и колку казни заработил за Шилегов е беспредметно да се одговара, ниту има одговор од кои причини синоќа воздухот мирисаше на бензин.

 „Знам дека е за Дрисла, за некои други субјекти, мислам дека е беспредметно да зборуваме, битно е дека се лоцирани. Како ги лоцираме причинителите на загадувањето од пообемен карактер така инспекциските служби преземаат ингеренции, таму и во иднина ќе имаме засилен инспекциски надзор“, вели Петре Шилегов – Градоначалник на Град Скопје

Екстремно високо загадување покажуваат мерните станици и денеска и тоа  не само во Скопје туку и во Тетово, Куманово и Велес. Во вакви случаи остануваат препораките на министерството за животна средина се да се користи јавен превоз, повеќе лица да се возат во едно возило во исто време, печките за дрва правилно да се користат, но и да се ограничат движењата и активностите на отворен простор  на најранливата популација, како и на оние кои работат на отворено во загадените зони на градот.