Екстремно ниските цени продолжуваат во Skopje City Mall!

Skopje City Mall поради огромен интерес ја продолжува кампањата на Замрзнати цени и во наредниот период. Закупците во нашиот најголем трговски центар ќе продолжат со специјалните попусти, последни за оваа сезона и тоа се додека имаат залиха.

„Периодот кој помина бевме сведоци на голем интерес од страна на посетителите во Скопје Сити Мол кои купуваа по "Замрзнати цени". За таа цел од закупците добивме барање за продолжување на акцијата и тоа се додека имаат производи на залиха.“ - објаснуваат од Skopje City Mall.

Продолжувањето на акцијата „Замрзнати цени“ е последна шанса во која ќе можат да се купат производи од зимските колекции по екстремно ниски цени.