Експлозија во Стајковци

Вчеравечер жителите на Стајковци беа вознемирени од детонацијата што ја слушнаа на првиот ден од отпочнувањето на изборната кампања.

Голем број жители на населбата беа собрани на самото место, а заради паниката што се прошири во тој дел од Скопје, некои од мештаните одлучија децата да ги однесат да преноќат кај свои роднини. Сите говореа за инцидентот и за нарушената безбедност во последниве месеци.

Вчера околу 21 часот во село Стајковци на ул.18 бр.26 во двор сопственост на А.Н. експлодирала експлозивна направа од која има оштетување на куќата и на ПМВ Рено со скопски регистерски ознаки. Повредени лица нема, а дополнително ќе се врши увид на лице место.

МВР засега не излегува со никаква информација околу инцидентот.