Експертите откриваат како марихуана влијае на вашето тело

Доброто чувство кое го дава марихуаната доаѓа од спојот на тетрахидроканабинола (THC), кој се наоѓа во канабисот и најмногу влијае на мозокот.

Марихуаната предизвикува да се чувствуваме подобро

Кога THC ќе дојде до мозочните клетки, тие ослободуваат допамин – хемиски спој кој предизвикува среќа. Тоа е делот од мозокот кој ве наградува кога ќе направите нешто добро за себе. Истиот процес се случува кога јадеме вкусен оброк или при секс. Кога прекумерено ќе се конзумира дрога, се создава чувство на еуфорија, што не е добро бидејќи доведува до нарушувања во системот на “наградување”. Кога ќе зачести прекумереното “наградување” со чувство на среќа кај самите себе преку конзумација на дрога, се намалува интензитетот на чувството на среќа при останатите нормални начини на наградување, а тоа води кон апатија и зависност од дрога.

Во моментов, 28 држави ја легализираа медицинската марихуаната, а осум од овие држави, овозможија да се користи марихуаната за рекреативна употреба.

Легалната перспектива се менува, но многу прашања се уште остануваат во однос на марихуаната дали делува добро или лошо во однос на здравјето.

Сега, еден нов извештај објавен од страна на Националната академија за науки, инженерство и медицина, има за цел да се разјаснат здравствените ефекти од марихуаната. дава преглед на докази, и донесува некои важни заклучоци.

Истражувачите во овој момент ги разгледуваат доказите на терапевтски ефекти на марихуаната за здравствени услови. Има доволно докази за да се покаже дека марихуаната добро делува на третман на хронична болка, помагага во хемотерапија, и ги подобрува симптомите со мултиплекс склероза.

Поздрава е од тутунот за белите дробови

Според истражување и студија објавена во “Journal of American Medical Association” марихуаната не ја нарушува функцијата на белите дробови, дури може и да го зголеми нивниот капацитет.

Од друга страна, нема докази, или недостаток на докази, да се покаже дека марихуаната може да помогне во лекувањето на рак, гастритис ,епилепсија, или симптоми на Паркинсонова болест.

Кога се гледа на инциденцата на ракот, истражувачите заклучија дека  со употребата на марихуана не може да предизвика: рак на белите дробови, рак на главата и вратот или срцев удар.

Сепак, има јаки доказите дека употребата на марихуаната може да ви наштети на други начини. Постои значителен доказ дека марихуана го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи, и умерени докази дека тоа може да доведе до когнитивни нарушувања во учењето, меморија и внимание.

Канабисот може да го зголеми ризикот од депресија

Иако нема цврсти докази за тоа дека марихуаната предизвикува депресија, истражување од Холандија покажало дека таа го зголемува ризикот од депресија кај младите лица кои генетски предиспозиции за ментални болести. Интензивна анксиозност, страв, недоверба, напади на паника се вообичаените несакани ефекти.

Некаде помеѓу 20% и 30% од рекреативните корисници на марихуана искусуваат интензивна анксиозност. Истовремено, со умерена употреба на марихуаната може да се намали анксиозноста. Кога се користи за медицински цели ја ублажува болката и го потиснува гадењето поради што и често се употребува за ублажување на несаканите ефекти од хемотерапијата.