Економски форум „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“

Во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ денеска во Скопје ќе одржи форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“.

На Форумот предвидени се обраќања на претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија Данела Арсовска, на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапури и на директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива Љубомир Димовски.

Во рамки на форумот ќе има панел-дискусија со директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска, претставник од Министерство за труд и социјална политика Горан Велески, потпретседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија Габриела Кулебанова, директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, директорот на Државен инспекторат за труд Аљајдин Хавзиу и на меѓународниот експерт Ардита Секнај, со цел да се претстават предизвиците на компаниите во секојдневното работење во борбата со сивата економија.

Низ процес на јавно приватен-дијалог ќе се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат стратешка акција за сузбивање на неформалната економија. 

Nike Shox TLX 0018