Економската криза пострашна од колапс на здравството

Во најновата емисија Детектор беше презентирана анкета во однос на расположението и размислувањето на граѓаните во врска со ситуацијата со коронавирусот.

Најголем дел од граѓаните или 38,8 проценти најмногу се плашат од економската криза кој ја предизвикува вирусот, а 15,3 отсто се најзагрижени за евентуален колапс на здравствениот систем, 10,7 проценти поради можен недостаток на храна, лекови и други стоки, додека 5,6 проценти да не го изгубат своето работно место.

Најголемиот дел од граѓаните или 28,7 проценти сметаат дека корона вирусот ќе престане да се шири за еден до три месеци. Поголеми оптимисти се 25,1% од анкетираните кои велат дека вирусот ќе престане за се шири за една недела до месец дена. 12,2 проценти очекуваат крај на кризата во период меѓу три и шест месеци.

Околу 43 проценти од анкетираните очекуваат земјава да добие помош од Европската Унија за справување со кризата со коронавирусот, а слични се бројките и кога станува збор за очекувањата за помош од НАТО алијансата.

Анкетата беше спроведена телефонски врз репрезентативен примерок од 1.116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3 проценти.