Еколошки феномен: Пожолте водата во Вардар кај Долно Лисиче

Во текот на вчерашниот ден околу 13 часот група Скопјани сликаа необичен феномен во водите на реката Вардар. Жолто - црвена боја на водата беше забележана во делот на течението на рекава околу мостот во Долно Лисиче до Јурумлери. 

- Дали е на повидок еколошка катастрофа?  Црвена боја на водата во реката Вардар, кај мостот Д.Лисиче - Јурумлери... Надлежните да проверат кој е изворот на супстанците кои се пуштаат во реката... не изгледаат воопшто безопасно. - напиша на ФБ групата За почиста и поубава Македнија.