Еколошка акција во Шуто Оризари

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје денеска ќе започне есенска акција за генерално чистење на скопската општина Шуто Оризари.

Во рамките на акцијата, во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ ќе се одржи еко-предавање за правилно постапување со отпадот.

На предавањето најавено е присуство на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, како и на претставници од ЈП „Комунална хигиена“- Скопје.