Еко-дефиле на велосипеди во Општина Бутел

Пред  споменикот на Никола Јонков Вапцаров ( во паркот пред општината ), денеска ќе се одржи завршната манифестација – еко дефиле на велосипеди со што ќе бидат затворени десетте Денови на екологијата во Општина Бутел.

– Манифестацијата ќе ја затворат градоначалникот Велимир Смилевски и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најавија од Општина Бутел.

На манифестацијата ќе бидат прогласени најдобрите три тима од основните училишта во Општината, кои работеа на различни еколошки теми во изминатите десет денови. Ќе биде избран најуспешниот еко-стрип, а ќе бидат доделени и пофалници, благодарници и планинарски ранци.

cheap nike air max 90