Еко-акција за собирање опасен отпад во Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, во сабота, 18.2.2017 година, од 12:00 до 14:00 часот, ќе реализира еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во урбаната заедници „Лисиче“, поточно кај старата продавница на Славија во трговскиот центар, каде граѓаните од населбата Лисиче можат да се ослободат од опасниот отпад од домаќинствата.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Инаку, во текот на ноември и декември минатата година на истата еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, беа собрани вкупно 1.907 килограми опасен отпад.