Еко-акција за собирање електронски и електричен отпад во Аеродром

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди, информираат од општината.

Инаку, претходната акција се одржа на 18.2.2017 година, во урбаната заедница „Лисиче“.

Се повикуваат граѓаните на Општина Аеродром да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, во сабота, 25.2.2017 година, пред урбаната заедница ГОРНО ЛИСИЧЕ (запад и север) од 12:00 до 14:00 часот.