Екипите на ЕВН утре ќе бидат на овие места

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Центар, Кисела Вода и Илинден.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од „ЕВН Македонија“, соопшти дека од 8 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Никола Вапцаров“ во Општина Центар.

Од 8 до 16 часот без струја ќе останат дел од жителите од улиците „Димитар Гуштанов“, „Стари Новакина“, „Ризо Ризов“, „Антон Димитров“, „Јанко Мишиќ“ и „Дреновска Клисура“, како и улиците „Иван Хаџи Николов“, „Димитрија Чуповски“, „Киро Фетак“, „Радое Дакиќ“ и „Ужичка Република“ во Општина Кисела Вода.

Дел од селата Кадино и Марино, населеното место Бела Земја, како и објектите на Т - мобиле во Марино, ЗИК Пумпа, млин Кадино и Мак Инвест во Општина Илинден ќе бидат без струја од 8:25 до 14 часот.