Екипите на ЕВН утре ќе бидат на овие места

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и  Центар.

Во периодот од 09.30 до 11.30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Кучково, Грачани ,Радуша, како и корисниците од Чашка.Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Нов живот“ и „Вашингтонска“ во Општина Шуто Оризари, а од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Арсениј Јовков“, „Македонска преродба“, „Борис Сарафов“ и „Ѓурчин Кокале“ во Општина Ѓорче Петров.

Без струја утре од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Баница“ од бр.19 до бр.29, а од 9 до 15 часот ќе бидат дел корисниците од улиците „367“ и „Дренак“ во општина Кисела Вода.

Од 9.30 до 11 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Долна Арнакија во Општина Сарај, а во период од 11 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Раде Јовчевски Корчагин“, „Преспанска“, „Анте Хаџи Митков“ и „Велешка“ од бр.1 до бр. 55 во Општина Центар.