Откако доаѓањето на Петроварадинската тврдина за овој јули го потврдија „Д Килерс“ (The Killers), Лијам Галагер (Liam Gallagher), „Јиарс енд јиарс“(Years & Years), Раг’ен’Боун Мен (Rag'n'Bone Man), Џејк Баг (Jake Bugg), Хардвел (Hardwell) и бројни други, овогодишната ѕвездена програма на ЕГЗИТ фестивал стана уште посилна со двајца нови хедлајнери! 

Суперпопуларниот американски пејач и автор на ударните хитови на денешницата Џејсон Деруло(Jason Derulo) доаѓа на ЕГЗИТ за да ја создаде вистинската саботна лудница на 8-ми јули на главната фестивалска бина на Балкан! Со дури 11 платинести синглови продадени во над 50 милиони примероци и три милијарди „Јутјуб“ прегледувања за повеќе од 20 милиони фанови на социјалните мрежи, Деруло е денес во најтесниот круг на водечките светски музички ѕвезди и тоа на возраст од само 27 години!

Само албумот „Tattoos/Talk Dirty“ имаше пет платинести синглови, што во поново време им успева само на ѕвезди како што се Бијонси, Дрејк, Тејлор Свифт и Ријана! Платинестите тиражи ѝ се добро познати и на музичката дива на 21-виот век Рошин Марфи (Roisin Murphy) која во недела доаѓа на ЕГЗИТ со дури три албуми само во изминатите три години!

Пејачката на групата „Молоко“ во импресивниот каталог има бројни хитови, а публиката ја почитува пред сѐ по силната уметничка порака која таа најдобро ја пренесува во живо со својот бенд. Нејзините највпечатливи настапи ги освоија во низа водечките светки фестивали, а Рошин се враќа на ЕГЗИТ откако во 2003-та година на фестивалот го прослави својот роденден во епскиот концерт со групата „Молоко“ кој и ден денес се прераскажува поради дотогаш незапаметената енергија пред главната бина, со што овој концерт со право влезе во листата на еден од најдобрите во историјата на ЕГЗИТ фестивал!