Ефектот „Супер Марио“: Психолошки трик кој го користат сите успешни луѓе!

Често не сме ни свесни за тоа колку повеќе можеме да научиме и да бидеме поуспешно кога не би се фокусирале толку на неуспесите и проблемите. Марк Робер, кој е поранешен инженер на НАСА и Јутуб ѕвезда, ја користи познатата игра од нашето детство за да нагласи колку поинаков би можел да биде процесот на учење за малку да го промениме начинот на кој ги гледаме работите и за сето тоа смислил интересно име: Ефектот „Супер Марио“.

Во прашање е многу едноставна идеја: Ако се фокусирате на принцезата, а не на препреките, ќе се држите до зададената цел и повеќе ќе научите. За оние кои не се запознаети со игрицата, тоа во суштина значи дека треба да се фокусирате на целта (како во случајот на играта, принцезата која Супер Марио сака да ја спаси),  а не на ситните препраки кои ве успоруваат на патот кон целта (во случајот на Марио, разните замки и препреки).

Марк вели дека само со таков начин на размислување можеме да бидеме навистина успешни и да учиме во тој процес.

Знаеме што мислите: Ах, еве уште еден мотивациски говорник кој ви раскажува некакви приказни од типот „не треба никогаш да се откажуваш“, но неговата теорија всушност е многу посмислена и поразработена од тоа. Марк смета дека многу повеќе би можеле да научиме кога поразите не би ги доживувале толку трагично и кога би биле фокусирани на тоа да се обидеме повторно и да научиме нешто од претходниот пораз.

Секогаш кога ја игравте играта „Супер Марио“, одново и одново се обидувавте да го поминете наредното ниво и се обидувавте од секој пораз да научите каде се наоѓаат препреките кои треба да се прескокнат за да не загубите живот. На истиот начин треба да гледаме на животот. Наместо тоа, луѓето многу често и по еден неуспех се целосно обесхрабрени, не сакаат повторно да се обидат затоа што се прашуваат што ќе се случи ако повторно не успеат и на крајот креваат раце од сѐ. И сѐ затоа што се фокусирани на препреките, а не на целта. 

Марк наведува неколку примери од сопствениот живот кога се обидувал да направи нешто, но одново и одново наидувал на препреки – единствената причина поради која на крајот бил успешен е токму фактот дека на неуспесите гледал исто како и на падот на Супер Марио во провалија на 81 ниво.

Да, не е пријатно, малку се уморуваш, но и натаму продолжуваш да се обидуваш, само попатно учиш дека на тоа место се наоѓа провалија и така знаеш дека следниот пат треба да ја прескокнеш. И знаете што? Со текот на времето успеваш. 

Клучната работа во ефектот „Супер Марио“ и она што воедно највеќе го разликува од класичните мантри како „Не се откажувај“ и „Остани позитивен“ е фактот дека кога ќе почнете да размислувате на овој начин, неуспесите повеќе не ви се нешро страшно, нешто што бара којзнае каков позитивен став од вас, туку ги прифаќате како нормална појава и искрено посакувате да продолжите со обидите. 

Исто како и детето кое учи да оди, тоа може 1000 пати да падне, но по секој пад повторно сака да стане и да се обиде само да оди. На детето не му е потребна посебна мотивација. Не треба некој да му каже „гледај ги работите од позитивната страна“, затоа што детето едноставно сака одново да се обиде. Тоа е трик, да го програмирате вашиот мозок да сака одново и одново да се обидува, без да ги доживува тие обиди како загуба. 

Оној момент кога ќе успеете да се поставите кон секој нов предизвик такашто ќе ја гледате крајната цел и ќе заборавите на стравот од неуспехот, ќе почнете да го чувствувате вистинскиот ефект „Супер Марио“. Затоа што во тој момент почнуваме да учиме уште повеќе – тогаш секој неуспех престанува да биде срам и станува можност за учење.