Ефектот од стресот врз мозокот на младите

Научниците веруваат дека овие наоди можат да објаснат зошто девојките имаат поголем ризик за посттрауматско стресно нарушување од момчињата.

Истражување на научници од американскиот универзитет Стенфорд укажува дека ефектот од стресот врз структурата на мозокот кај младите зависи од нивниот пол.

Се покажало дека инсулата, делот од мозокот поврзан со емоциите и емпатијата, кај девојките кои доживеале силен стрес, била помала од таа кај нивните врснички, кои немале такво искуство.

Наспроти тоа, кај момчињата кои доживеале силен стрес, овој дел од мозокот бил поголем од обично.

Научниците веруваат дека овие наоди можат да објаснат зошто девојките имаат поголем ризик за посттрауматско стресно нарушување од момчињата.

Според нив, тоа би сугерирало дека девојките и момчињата можат да имаат целосно различни симптоми на ова нарушување и треба да се лекуваат на поинаков начин.

Резултатите објавени во стручното списание „Депрешан енд Анексити“ се темелат на анализи на снимки на мозоци на 59 испитаници помлади од 17 години.