Едукативни работилници за заштита од дрога, алкохол и цигари во средните училишта во Скопје

Едукативни работилници за превенција и заштита од употреба на дрога, алкохол и цигари, на трета и четврта година во средните училишта во Градот Скопје од денеска до 15 мај ќе спроведе ЈЗУ „Здравствен Дом на Скопје“.

На едукативните работилници, како што информираат од „Здравствен дом на Скопје“, со времетраење од еден училишен час, здравствените работници ќе зборуваат со учениците за превенција и заштита од употреба на дрога, алкохол и цигари.

Од годинава во реализацијата на едукативните работилници се вклучени и учениците од приватните средни училишта од Скопје.

Активностите се во заедничка соработка со Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје, кои во делот на едукатвните работилници ќе се приклучат на здравствените работници, како дел од кампањата „Безбедност во сообраќајот“.