Edo Maajka & band за прв пат во МКЦ!

На 4 мај (сабота), во Младинскиот културен центар со почеток од 21 часот е закажан концертот на Edo Maajka со неговиот бенд.

По #АприлвоМКЦ, MКЦ продолжува со полна пареа. Во тек е Фестивалот на германски филм, следува седмото издание на фестивалот Прво па Женско, Црнила Ремикс на репертоар,  следуваат концерти: Jonathan Bree прв пат во Скопје, Mavi Phoеnix (во склоп на ППЖ), Мухамед Ибрахими, The Underground Youth, прв самостоен концерт на БРУКА и уште многу други настани.