Едноставно и без филозофирање: Кога барате партнер за цел живот, важни се само две работи

Кога барате личност покрај која ќе сакате да го поминете целиот живот, потребно да обрнете внимание само на овие две работи:

Правило број 1: Сѐ мора да биде едноставно уште од самиот почеток

Од моментот кога ќе се запознаете, сѐ мора да биде едноставно и лесно. Ако чувствувате дека можете да им кажете сѐ, ако чувствувате дека можете слободно да се однесувате без чувство на неудобност, тогаш – тоа е тоа. Ако околу повеќето работи се договарате со леснотија – не ја испуштајте оваа личност! Едноставното е добро. Комплицираното е лошо. Ќе направите голема грешка ако останете покрај личност која постојано бара да се менувате, прилагодувате, да правите работи кои не сакате да ги правите. Порано или подоцна ќе ви се здосади од тоа, ќе ви стане напорно. Ако постојано морате да се докажувате и покажувате – оваа личност не е за вас и продолжите понатаму со животот.

Правило број 2: Врската мора да ви донесе радост!

Доколку не се чувствувате задоволно, среќно и исполнето во врската – веднаш фатете го патот под нозе! Ако страдате и плачете – тогаш тоа не е човек за вас. Не размислувајте многу, тоа не е нормално и тоа е патот кон пеколото. Ако врската носи задоволство само на една личност во врската – таа врска е бесмислена. Многу луѓе со години трпат врски кои не ги исполнуваат. Чекаат нешто да се промени. Но, таа промена никогаш нема да се случи. Ако зборовите на вашите партнери постојано ве расплакуваат или ве прават несреќни – одете си.  Врската мора да биде нешто што ве радува, нешто кон кое можете да се свртите кога целиот свет се распаѓа. Љубовта на вашиот живот мора да биде некој кој знае како да ве насмее и сослуша.

Тоа не е некоја наука – многу е едноставно!

air max 90 essential sale