Убавиот збор има огромна моќ: да те инспирира, да ти ја олесни болката, да ти даде поинаква перспектива, понекогаш да те растажи, но и да те усреќи. Интернетот е полн со многу убави и позитивни мисли, но овие зборови се најголемите, а наједноставните вистини кои ќе ги прочитате.

Смешно е како ништо не се менува ден по ден, но штом погледнеме наназад сè е поинаку.

Од сите тажни зборови на светот, најтажен е овој : Можевме.

Сите ќе умреме, сите ние. Но, тоа треба да направи да се сакаме, а не да се мразиме.

 Некои луѓе умираат на возраст од 25 а не се закопани до 75 години.

Бродот е безбеден на пристаниште, но тоа не е причината зошто се изградени бродовите.

Ако можете да ја удрите меѓу нозе личноста која е одговорна за вашата неволја, не би можеле да седнете цел месец.

Нема да се грижите што другите мислат за вас, ако сфатите дека тие воопшто не мислат на вас.

Вчера бев паметен и сакав да го променам светот. Денес сум мудар и се трудам да се променам себеси.

Секоја личност што ќе ја сретнете знае нешто што вие не го знаете.

Дајте му маска на човекот бидејќи само тогаш тој ќе го покаже своето лице.