Едноставен трик за детоксикација по празниците и намалување на апетитот!

Заборавите на топлата вода со лимон. Доколку сакате успешно да ја стартувате 2017 година, со детоксикација, важно е да го смените почетокот на денот и да воведете нова состојка.

Кој може да им одолее на сармите и слатките предизвици кои беа пред нас за време на празниците? Малку кој. Само оние со цврст карактер.

Останатите, со гладни очи, веќе ги гризе совест . Чувството на вина почнува да надоаѓа со последното залче на руска, сарма, месо...
Доколку навистина сакате да го исчистите организмот, научниците предлагаат да го направите тоа така што ќе воведете едена состојка која ќе му годи на вашето тело.

Не, тоа не е кришка лимон, кељ, ниту пак гоџи. Станува збор за благиот компир, кој може поприлично да ви го намали апетитот.
Поентата е што треба да направите пијалок на посебен начин. Истражувачите од Јапонија предлагаат, благиот компир да се свари, а потоа да се испие водата во која се варел. Откриено е дека протеините кои останале во водата, откако компирот се сварил, ефикасно делува во намалување на апетитот.