Едноставен рецепт со кој еден пар го зачувал својот брак

Лесно е да се биде среќен и задоволен кога вашите кредити се отплатени, сметките подмирени, а заштедените пари се зголемуваат. Но, кога ќе дојде до финансиска криза, ретко кој брак може да излезе од тоа „на нозе“.

Еден брачен пар го пронашол решението за своите проблеми. Тие уште под почетокот на врската сфатиле дека сите нивни кавги се вртат околку парите, т.е на тоа кој колку и како троши.

Откако се венчале одлучиле дека ги поделат финансиите. И двајцата имале солидни примања, па затоа и не сакале да ја „полнат заедничката каса“.

Таа работела за себе и своите потреби, а тој за своите.

Сметките ги делеле по договор, а трошоците околу децата исто така биле договорени однапред. Тој признал дека никогаш не сакал да троши и дека лесно може да заштеди, а таа признала дека сака одвреме-навреме да се почасти и разгали самата себе и дека мрази кога некој ја критикува по тоа прашање.

Со тоа што ги раздвоиле финансиите го зачувале својот брак, кој сигурно не би преживеал доколу ситуацијата би била поинаква. Во тоа и двајцата се потполно убедени!

Експертите велат дека парите, т.е заеднички пари се повод за една од трите најчести кавги во бракот. Со овој договор таа можела да оди во спа, да ги направи ноктите или да направи нова фризура и тоа се на „свој трошок“, додека тој своите пари може непречено да ги користи на пиво или фудбалски натпревар со своите другари.

Оваа жена искрено признала дека доколку навреме не се договориле околу овие работи, нивниот брак најверојатно не би преживеал.

Пред да ја отфрлите оваа можност, размислите уште еднаш – можеби ова е совршеното решение за вашите брачни кавги.