Едноставен колач со раскошен вкус

Колач за уживање со скромни состојки, а раскошен вкус!

СОСТОЈКИ:

250 гр шеќер

200 гр маргарин

200 гр брашно

1 јајце

4 белки

150 гр мелени ореви

рендана кора од лимон

150 гр џем од шипки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во сад за матење ставете маргарин, јајце, 100 гр шеќер и матете со миксер додека шеќерот не се растопи. Потоа во садот додајте ситно изрендана кора од лимон, брашно и мешајте со лажица додека состојките не се соединат. 

Намастете сад со маргарин, ставете ја смесата и печете 15 минути на 180 степени. 

Разматете 4 белки, додајте ги останатите 150 гр шеќер и повторно матете додека шеќерот не се растопи. Додајте мелени ореви и измешајте. 

Испечениот колач премачкајте го со џем, а преку џемот нанесете разматени белки со ореви. 

Вратете во рерна и печете уште 15 минути на иста температура. Од горе премачкајте со уште еден тенок слој џем, па посипете со рендано чоколадо.

Уживајте!