Wellness – тоа е зборот кој често го слушаме во последно време. Но, што значи тој? И кому му е потребен?

Ако сметате дека 2017 беше тешка и долга година за вас, тогаш дефинитивно ви е потребен овој предизвик. Wellness се однесува на грижата на себеси и подобрување на својата физичка и умствена состојба, односно целокупната благосостојба на една личност.

Но, кој е најдобриот начин за да го постигнеме тоа?

Предизвик 1: Избришете ги сите апликации на социјалните мрежи од вашиот телефон, цела недела

Не ги исклучувајте само известувањата. Остранете ги од вашиот телефон. Тешко ќе биде од почеток, но потоа ќе забележите колку добро се чувствувате. Ќе отидете да побарате некоја од апликациите од навика, а потоа ќе забележите дека тие не се тука. На сметка на тоа, ќе бидете поприсутни во сегашноста и ќе уживате во моментите.

Предизвик 2: Научете да готвите 1 нов, здрав оброк

Кога се чувствувате дека сте под стрес, многу лесно е да јадете храна која е брза, преработена и мрсна. Но, како замена на тоа, најдете некој лесен и едноставен рецепт за здрав оброк. Ќе заштедите пари со домашното готвење, а и здравата храна ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

Предизвик 3: Заменете ги вашите пороци со нешто позитивно

Можеби цигарите ви се проблем, алкохолот или Кока Колата. Можеби пак долгото гледање серии. Наместо тоа, препознајте кога нешто ви предизвикува проблем и изберете негова попозитивна и поздрава замена. Изградете ги вашите навики свесно и не дозволувајте да бидете роб на нив.

Предизвик 4: Водете дневник секоја вечер

Иако мислите дека е глупава и досадна идеја, сепак постојат многу бенефити од оваа навика. Тоа ќе ви помогне да ги согледате деновите, што е тоа што го правите, колку време минувате правејќи некои работи и каде лежи вината за некои негативни нешта во вашиот живот. Обидете се да бидете искрени со себеси. Тоа ќе ви помогне да внесете позитивни промени во својот живот.

Предизвик 5: Најдете време за да бидете активни секојдневно

Вежбањето е добро за вас. Кога го знаете ова, знаете многу нешта. Но, со полниот распоред, тешко е да се најде време и волја да се оди во теретана. Доколку немате време да одите во теретана, треба да бидете свесни дека тоа не е единственото решение. Можете да вежбате во својот дом, или да отидете на прошетка или трчање.

Предизвик 6: Практикувајте свесно пиење

Ако во вашето друштво сите сакаат да пијат, тогаш тешко е да го избегнете алкохолот. Многу статии на интернет велат дека треба да го прескокнете пиењето, но свесни сме дека за многу луѓе е тешко, па и невозможно. Нашиот совет е свесно пиење. Пијте бавно, пијте многу вода придружно со алкохолот и престанете кога ќе забележите дека ви е премногу. Потсетете се на сите моменти кога се препивте или кога направивте некоја глупост поради пијанството и потрудете се да не го повторите тоа.

Предизвик 7: Спијте доволно

Спиењето е важно и добриот сон е основа за нормалното функционирање во текот на денот. Живееме во време кога немаме премногу време за многу нешта, па и за квалитетен сон и често го прифаќаме тоа така лесно. Но, тоа ни предизвикува проблеми, а и многу стрес и намалена ефективност. Затоа, потрудете се да спиете доволно за да можете ефикасно да функционирате при исполнувањето на вашите дневни обврски.