Едно нешто кое несреќните луѓе одбиваат да го направат за себеси

Животот понекогаш е тежок. Нема бегање од реалноста и навистина е тешко да се соочиме со тешките ситуации кои понекогаш доаѓаат.

Голем дел од луѓето кои се несреќни забораваат на себе. Всушност, и да сте генерално среќна личност, грижата за себеси е нешто на што постојано забораваме сите.

Целта е да си дадеме себеси повеќе внимание, бидејќи  го заслужуваме тоа.

Игнорирањето на соспствените чувства и потреби не ни носи ништо добро. Тоа води до стрес, збунетост, нарушени односи и болест. Секој кој се соочил со некоја од наведените состојби може да потврди дека тие се лоши, а и дека се влошуваат секојдневно.

Треба да сфатиме дека голем дел од нашиот живот го минуваме обидувајќи се да се присобереме себеси. Да станеме помали, потивки, помалку чувствителни и да имаме помалку потреби. Сакаме да бидеме прифатени, да бидеме сакани и почитувани од луѓето. Да оставиме добар впечаток.

Така, долги години го правиме тоа и на крајот испаѓа дека ние не сме толку среќни. Треба да знаеме дека не е наша работа да станеме друга личност за да одговараме на барањата на другите. Ние сме вредни. Нашите мисли вредат, а исто така и нашите чувства. Дури и кога другите луѓе ни вредат дека тоа не е така и тоа не е добро, ние сме тие коишто сме.

Не дозволувајте другите луѓе да ве убедат во нешто што не е дел од вашите вредности.

Изберете се себеси!

Работете напорно, развивајте се, подобрувајте се, но правете го тоа за себе. Слушнете ги сопствените потреби и сопствени мисли и постапувајте согласно на нив.  Одбирајте се себеси секој ден и обрнете си посебно внимание себеси. Станете поинаква личност, но личност каква што вие сакате да бидете.