Едно лице загина во сообраќајка во Скопје

Еден пешак е загинат, двајца сопатници и еден возач на автомобил се здобиле со тешки телесни повреди, а седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет од вкупно 22 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 13 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 49 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 132 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 59 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, 22 возачи почетници, 55 нерегистирани возила и едено возило за претовар.

За непрописно паркирање се издадени 228 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 173 возила.

Евидентирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 10 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за не правилно престројување, седум возачи за не правилно престигнување, еден возач  кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи за не користење на заштитен шлем на вел со  мотор, мопед и мотоцикл, двајца за не носење сигурносен појас за време на управување на моторни возила  и 25 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторни возила.