Едно лице на Ургентен - тешка несреќа во Скопје

Скопјанец е тешко повреден во страшна сообраќајка на Јадранска магистрала.

Во 10,35 часот во СВР Скопје на улица „Јадранска магистрала“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Рено Кангу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот А.Д. од Гостивар и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 49-годишниот Г.И. од Скопје.

Г.И. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.