Една работа открива дали луѓето се среќни во бракот

Дали е некој среќен во бракот може да се види од повеќе работи. Но, едно од новите истражувања посочува сосема нова работа која покажува дали луѓето се среќни во бракот.

Имено, во рамки на истражувањето спроведено од универзитетот Central Queensland во кое учествувале повеќе од 15 000 луѓе се покажало дека среќни двојки можат да се препознаат по нивниот изглед. Според резултатите од ова истражување ако луѓето се вистински среќни, голема е шансата дека ќе се здебелат.

Според Стефани Шоепе, лидер на истражувањето, среќните двојки веројатно се хранат поздраво, но се здебелуваат повеќе од оние кои се во несреќни врски. Причината за тоа е количината на храна која ја конзумираат, односно уживањето во неа.

Дополнително објаснување за тоа лежи во фактот дека среќните бракови се потполно опуштени така што не се грижат премногу за својот изглед.