Една работа која треба да запаметите кога се чувствувате изгубено

Во тешките моменти и лоши денови, често погледнуваме околу себе и забележуваме колку луѓето изгледаат среќно и средено. Не ни помислуваме како е во нивните животи. Мислиме дека знаеме поради насмевките на нивните лица, поради убавата гардероба. Но, ако голем дел се отворени за тоа како се чувствуваат, ќе сфатиме дека сите минуваат низ некаква борба.

Често само посакуваме да кажеме некому нешто за тоа како ни е. За борбата, болката, стресот и лошите чувства. Сакаме само некој да нè прегрне и да ни каже дека сè ќе биде во ред. Посакуваме да го слушнеме тоа највеќе од сè на светот. Да видиме интерес кај другите. Да бидеме разбрани. Да почувствуваме дека тие се дел од нашата приказна. Дека не сме сами.

Голем дел од нас минуваат низ слична борба. Ако тие делуваат среќно, не значи дека вие сте единствената несреќна личност во вашиот живот, во тоа време. сепак, колку патетично и да изгледате, сепак кажете си дека не сте сами. Обидете се да се отворите некому.

Сите имаме блиски личности кои би дале се за нашата среќа. Но, тогаш зошто ја чуваме болката во себе? Зошто не им кажеме како се чувствуваме?

Секогаш можеме да најдеме личност која ќе сака да нè сослуша, барем една околу нас.

Секогаш постои некој кој може да нè разбере.

Секогаш постои некој кој би можел да ни помогне.

Не дозволувајте да минувате низ борба без оние кои ве сакаат. Сетете се колку пати сте биле тука за нив. Сетете се колку ја сакаат вашата среќа.

Не сте сами!