Една недела од разорното невреме во Скопје - никогаш да не се повтори!

Страшни грмотевици, силен ветер и пороен дожд минатата сабота го параа небото во Скопје и скопската котлина. Погодени сме од невреме во невидени размери кое за жал освен што направи материјални штети, однесе и човечки животи, а најмладата жртва е бебенце од само две години. Невремето остави граѓани без покрив над главата и им зеде се што создавале со години. 

Министерството за внатрешни работи официјално го соопшти идентитетот на загинатите во невремето, по завршената идентификациска постапка. Сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба:

1. Бајрам Мустафа(1949) – Гази Баба;
2. Енес Мустафа(2014) – Гази Баба;
3. Катерина Митрова (1933) - Гази Баба;
4. Ѓилмаз Мухареми (1940) - с. Сингелиќ – Гази Баба;
5. Наде Илиевска (1955)- с. Стајковци - Гази Баба;
6. Блага Јовевска (1941)- с. Смиљковци – Гази Баба;
7. Мурат Саити (1957) - с. Сингелиќ – Гази Баба;
8. Марина Ивановска-Велиновска(1977) – Крива Паланка;
9. Јован Велиновски (2008) – Крива Паланка;
10. Жаклина Божиновска (1973) – Куманово;
11. Фуркан Фејзула (1987) – Гази Баба;
12. Сашко Митковски (1971) - с. Црешево – Гази Баба;
13. Ќазим Исени (1933)– Гази Баба;
14. Љубица Димчевска (1935) - с. Црешево – Гази Баба;
15. Земрије Синани (1985) – Гази Баба;
16. Ендрит Синани (2010) – Гази Баба.
17. Славка Илиќ (1956) – Гази Баба;
18. Томислав Илиќ (1950) – Гази Баба;
19. Мирче Митковски (1949) - с. Црешево – Гази Баба;
20. Достана Димитриевска(1974) – Тетово;
21. Убавка Јовевска (1965) – Гази Баба.

За жал беа пронајдени уште неколку жртви меѓу кои и деца.

За една недела се отворени броеви за донации, пунктови за оние на кои им е најпотребна помош, граѓаните со војниците чистат во поплавените подрачја, секојдневно и деноноќно се работи. Донации пристигаат и од другите земји по катастрофалните поплави.

Владата одлучи авансно да ги обештети погодените од невремето.

Сликата во Скопје е навистина тажна и ужасна.