Обичен ден. Се будам чувствувајќи се малку потешко од вообичаено. Моето тело е уморно, а мојот мозок како да не функционира. Тоа ме вознемирува.

Гледам во мојот Фејсбук и Инстаграм цели 30 минути пред да станам од спиење, бидејќи морам. Денес е еден од оние денови. Се обидувам да го исчистам мозокот од негативните мисли, убедувајќи се дека ако не го направам тоа, мојот мозок ќе биде ужасен.

Си подготвувам кафе додека се обидувам да го смирам умот од сите лоши мисли кои минуваат низ него. Си велам дека имам многу замор, а едноставно кафето не помага да се чувствувам подобро. Но, потоа си велам: Дозволено е понекогаш да имам и лоши денови. Не морам да се убедувам во ништо. Изминатите денови ги поминав исполнувајќи ги зацртаните цели и се беше добро. Зарем не ми е дозволено да имам лоши денови, поинакви денови?

Понекогаш треба да сфатиме дека и лошите денови постојат. Не мораме да се приморуваме себеси да ги смениме. Тие се едноставно такви. Понекогаш е во ред да имаш лош ден. Нашиот проблем настанува кога го нарекуваме лош, а тој е побавен, погруб, посив од другите денови.

Ваквите денови се само порака до нас дека ни е потребна пауза. Не сфаќаме колку нешта се манифестираат во нашата потсвест. Се држиме до негативноста, мислејќи дека ако е таа тука во овој момент, дека ќе биде тука секогаш. Тоа ни предизвикува многу стрес и додава повеќе масло на огнот.

Наместо лоши денови можеме да ги нарекуваме денови на нашето умствено здравје. Тоа се само денови кога треба да успориме. Кога треба да преспиеме цел ден или да гледаме во една точка, или прочитаме книга. Тие се денови за чистење на мислите. Кога ќе почнеме да го прифаќаме тоа, да ги прифаќаме пораките кои нашиот ум ни ги испраќа, ќе бидеме многу посмирени и посреќни.

На крајот, бидете љубезни кон себе. Не се обвинувајте кога имате вакви денови и запаметете дека растете. Секогаш обидувајте се да се разведрите себеси и прифатете ги мислите како што доаѓаат. Најважно од сè, дозволете си себеси да бидете слаби.

Утре е нов ден.