„Еден живот, една љубов“! В петок премиера на филмот во чест на ФК Вардар

Продукцијата ПГВ Нетворк од Белград в петок од 11.00 часот во просториите на Македонскиот Олимписки комитет ќе одржи прес-конференција, а потоа и ќе го претстави филмот во чест на 70-годишнината на ФК Вардар, насловен како „Еден живот, една љубов“.

Низ приказната љубителите на Вардар ги води Дарко Панчев, а во филмот се појавуваат околу 30 некогашни фудбалери на Вардар како Кирил Дојчиновски, Мирко Илиевски, Мето Спасовски, Кочо Димитровски. Во филмот говорат и актуелни фудбалери, фанови, челници на клубот. 

„Беше вистинско уживање да се биде гостин во Скопје. Со оглед на тоа што сме продукција од Србија, голема беше одговорноста да се работи на проектот, кој го предложи нашиот драг колега Живко Здравовски“, рече директорот на продукцијата, Радован Максимовиќ.

Филмот е во траење од 70 минути и наскоро ќе биде прикажан и на малите екрани во нашата земја.