Еден сосема поинаков свет: Стари фотографии од Југославија во 1920-те кои ќе ве вратат во времето

Кон средината на 1920-те години германскиот фотограф Курт Хилшер патувал низ Европа и снимил воодушевувачки фотографии, а работејќи на својата книга со фотографии од пејзажи, држави и народи, тој патувал и ширум цела Југославија.

Курт Хилшер е автор на неколку книги во кои се наоѓаат фотографии од Италија, Шпанија, Германија и Југославија. Тој на својот пат од словенските Алпи, па сè до границата со Бугарија, направил вкупно 1200 фотографии, од коишто избрал 191 фотографија. Оваа негова збирка е објавена 1926-та година во Берлин.

Додека престојувал во Беград, Хилшер добил и преведувач, а добил и дозвола за влез на имотите од сите локални власти. На располагање му бил и автомобил, а за тогашното време, тој поседувал извонредни фотоапарати и објективи од брендовите Zeiss-Ikon и Agfa.

А еве и само мал дел од "другото време" коешто германскиот фотограф успеал да го улови со своите објективи...

Деца во Македонија

 Околината на Бардовци, Скопје

Замокот Оточец на реката Крка

Девојки во Травник, БиХ

Ново Село, Македонија

Сплит, Хрватска

Бардовци, Македонија

Народно оро

Карадаг, Скопска Црна Гора

Девојки од околината на Травник, БиХ

Еврејски гробишта во Сараево, БиХ

Крашња, Словенија

Народна носија од Скопско

Девојки во Бусовача, БиХ

Семејство во Србија

Охрид, Македонија