Еден единствен збор укажува на тоа дали врската има иднина!

Што му значеше тој поглед? Зошто не се јавува на телефон? Дали да и пратам порака? Ова се некои од прашањата кои повеќето заљубени си ги поставуваат на почетокот од врската. Некогаш партнерите се заигруваат, па љубовта заличува на шах, само се чека кој ќе направи „шах-мат“. А не мора да биде така.

И не е добро ако е така. Ова е ставот на Бела Ганди, експерт за врски, која вели дека еден збор кој мажите и жените го изговараат укажува на тоа дали врската има иднина или не.  Станува збор за зборот „лесно“.

Според Бели, кога клиентите и велат: „Не знаев дека врската може да тече вака лесно“ – тогаш таа знае дека тој пар ќе успее. „Лесно“ значи дека нема да има непријатни кавги и драми без потреба, туку дека се тече по некој природен тек, наместо да има бури.

Секоја врска и секој брак бараат труд, но тоа не смее да биде пренапорно, ниту пак треба да се чувствувате исцрпено како да сте копае во рудник. Затоа, додека се забавувате, а на ум ви паѓа зборот „лесно“, тогаш сигурно не сте погрешиле во изборот.