Еден ден ќе сфатиш...

Еден ден ќе сфатиш дека постојат луѓе кои нема да те предадат, но пред тоа ќе мора да искусиш многу предавства.

Еден ден ќе сфатиш дека надворешниот сјај е ништо во споредба со внатрешната убавина. Сѐ што е површно трае до првиот дожд, а она што го носиме во нас вечно блеска. 

Еден ден ќе сфатиш дека само затоа што неколку луѓе те повредиле, не значи дека нема добри луѓе на светов, само дека ти си им верувал на погрешните.

Еден ден ќе сфатиш дека сите тие изјави, цитати, афоризми кои си ги читал и слушал се само празни, иако убави, зборови.  Важни се само вистините кои самиот ги спознаваш.

Еден ден ќе сфатиш дека добрината, нежноста, љубовта и грижата се обележја на внатрешна сила, а не на слабост!