Еден ден ќе сфатиш дека постојат луѓе кои никогаш нема да те предадат, но пред тоа ќе мораш да преболиш многу предавства.
Еден ден ќе сфатиш дека надворешниот сјај не е ништо во споредба со внатрешната убавина, затоа што сѐ што сјае – трае до првиот дожд.
Она што е внатре засекогаш ќе гори. Дури и ако привремено се задушил пламенот. Но, доволно е полека да тлее, тој оган повторно ќе се разгори.
Еден ден ќе сфатиш дека добрината, нежноста, љубовта и грижата се одлики на внатрешна сила, а не на слабост!
Еден ден ќе сфатиш дека има и добри луѓе на овој свет, но пред тоа ќе мора да се изгориш од многу лоши луѓе.
Еден ден ќе сфатиш дека има и полесни патишта, но додека го сфатиш тоа ќе мора да одиш по потешкиот пат.
Еден ден ќе сфатиш дека животот е краток, но пред тоа ќе изгубиш скапоцено време, трошејќи го на глупости!