Еден ден, ќе се сетите на личноста која ве сакаше повеќе од себеси

Еден ден, ќе се сетите на личноста која ве сакаше повеќе отколку што се сакаше себеси. Ќе запаметите како таа личност се будеше и заспиваше покрај вас, како јадеше и ви се смееше. Ќе биде како вашиот најголем кошмар. Ќе се сетите што сте изгубиле додека таа личност е среќна со некој друг.

Ќе се каете што сте дозволиле да ја изгубите таа личност. Некој кој беше подготвен да направи сѐ за вас, кој беше тука за вас кога и да ви беше потребенТаа личност се трудеше да ве разбере и покрај вашата тишина, и покрај вашите тешки зборови. И, покрај тоа што никогаш не бевте тука за нив.

Еден ден, ќе сфатите дека таа личност беше вистинската за вас. Ќе се запрашате зошто ја пуштивте да си замине. Можеби ќе сфатите, а можеби и не, дека сето тоа беше поради вашата гордост. . Ја изгубивте таа личност поради своето его.

Ако погледнете назад, ќе сфатите дека таа личност е онаа која што вистински ве сакала. Ќе се потрудите да ја најдете пак. Да го најдете нејзиниот број, да и кажете дека ви недостига, дека згрешивте. Но, таа личност веќе не мисли на вас.

Можеби, можеби ако имате среќа... можете да ја вратите таа личност назад во својот живот и да бидете среќни.

nike air max 1 sale