Еден ден ќе дознаеш дека сѐ во животот има своја цел и смисла...

Луѓето ќе те изневеруваат, лажат, разочаруваат.
Ќе се караш со семејството.
Новите партнери ќе ги обвинуваш за работи кои старите ги направиле.
Ќе изгубиш пријатели за кои си мислел дека цел живот ќе бидат со тебе.
Ќе дознаеш дека секој има минато и дека никој не е совршен.
Ќе доживееш работи кои засекогаш ќе те променат.
Ќе плачеш, ќе се смееш, ќе се посрамотиш.
Но, ќе дојдат моменти кога ништо од тоа нема да биде важно.
Ќе дознаеш дека тоа им се случува на луѓе кои можат да го поднесат тоа.
Ќе дознаеш дека препреките во животот се само обичен привид, поради нив си станал човекот кој си денес.
И тогаш ќе знаеш дека сѐ во животот има своја цел и смисла, дека ништо не би менувал, дека сѐ е онака како што треба да биде.
Секоја твоја грешка била на свое место.
Затоа што сѐ е некаква лекција.
Тоа е животот.