Ѕвездите од „Наше маало“ ја разбудија Кармен 18 години подоцна (видео)

ТВ серијата „Наше Маало“ која се емитуваше од 1999 до 2004 година ќе остане запаметена како еден од најуспешните и најомилените проекти на нашите простори. 18 години по првото емитување на популарната детска серија, актерите кои ги глумеа Бени, Ице, Џејлан, Зана, Мали и Дарко ја разбудија Кармен во истата таа просторија во која се дружеа пред речиси две децении.

Проектот под покровителство на УСАИД промовираше соживот и меѓуетничко разбирање и низ цели 5 сезони со вкупно 40 епизоди ни го исполни секојдневието со авантурите на големите-мали деца.

Вчера по повод прославување 18 години од снимањето на оваа серија која на сите кои растеа со неа со сигурност им недостасува, се собраа сите актери на едно место.

Зградата Кармен прослави 18 години, особено горда на тоа што не учеше кај луѓето да ги цениме квалитетите, а не потеклото или религијата.