Џикиќ: МЗТ Скопје има опасен тим

Поранешниот македонски селектор и сегашен тренер на Партизан, Александар Џикиќ во пресрет на дуелот со МЗТ Скопје Аеродром изјави дека неговите избраници ги очекува тешко гостување со оглед на квалитетот на противникот.

– МЗТ Скопје во голема мера го смени составот на тимот во однос на минатата година. Тие имаат нов тренер и неколку квалитетни засилувања. Очекуваме тежок натпревар против тим кој е опасен и во рекетот и на надворешните позиции. Поседуваат поединци кои можат сами да го решат натпреварот, изјави Џикиќ.

Тој додаде дека тандемот под обрачите Лалиќ – Мејси е многу креативен и дека неговите играчи ќе мора многу да се фокусираат во одбраната за да ги сопрат акциите на ривалот.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Партизан, во рамките на 2.коло од АБА лигата ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ попладне со почеток од 17 часот.