Македонија ќе добие 3 милиони долари: Џек Николсон и Роберт де Ниро заинтересирани за станот на СФРЈ на Менхетен

Република Македонија наскоро веројатно ќе добие околу 3 милиони долари, благодарение на поранешниот имот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, објави Јутарњи лист.

Ова се должи на продажбата на дипломатско-конзуларниот имот на СФРЈ што се наоѓа во Токио, Бон, Берн и во Њујорк, вклучувајќи го и шестсобниот стан на Менхетн, кој многу брзо ќе се најде на меѓународен тендер.По претходно објавентата информација дека актерот Џек Николсон сака да го купи станот кој бил во сопственост на поранешната СФРЈ, а што го купил лично Јосип броз, сега за оваа недвижнина е заинтересиран уште еден амрикански актер – Роберт де Ниро.

Станот има 400 квадратни метри и се наоѓа на адреса "Парк Авенија 730", а проценет е на 20 милиони долари. Во тој момент станот бил празен 19 години, бидејќи државите на СФРЈ не можеле да се договорат за сопственоста. Во меѓувреме, поранешните републики на СФРЈ успеале да постигнат договор.

Земјите од поранешна Југославија постигнаа договор. Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора ќе го продаваат дипломатско-конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, кој се наоѓа во Токио, Бон, Берн и Њујорк, вклучувајќи го и шестособниот апартман на Менхетен, пренесуваат регионалните медиуми.

Недвижностите на поранешна Југославија, чија вредност пред 10 години била проценета на 42 милиони долари, ќе бидат продадени на меѓународни тендери.

Од вкупно 123 недвижности, земјите наследнички до сега поделиле 72, а нераспределени останале уште 51. Поголемиот дел од овие недвижнини ги користи Србија.Наредниот состанок за продажба на недвижности треба да се одржи во март следната година во Белград.