Џебот на граѓаните ја игнорира скапата органска храна

Огранското производство на земјоделски производи е здраво и безбедно за консумирање, затоа треба да се подига свеста на граѓаните за негово поголемо консумирање.

Пазарното искуство покажува дека ова производство во проек е за 30% поскапо од конвенцијалното што, пак, е причина тоа помалку да се купува.

Како што појаснува Васко Ристовски од Стопанска комора на Македонија, во изјава за Вечер, од лани органската храна има тенденции за негативен тренд, што се забележува при откупот и пласманот на домашниот пазар.

Според него од друга страна граѓаните купуваат поевтина храна без да гледаат на квалитетот на храна.

Ристовски дополнува дека органското производство е поквалитетно, оти не се третира производството со адитиви и антибиотици, но сепак свеста кај купувачите е ниска и тие не го користат во исхраната.

 Од 2010 година во Македонија се спроведува националната стратегија за органско производство. Данска има најголемо органско производство во Европа, а најголем пазар и потрошувач е Германија.