Џабе си од Скопје ако на малиот прст имаш пуштено нокт

Колку од вас го одстапиле местото на некоја дама во автобус? Колку од вас украле ружа од некој двор за љубената, свртеле некоја табла у гратскиот парк или партија шах у Жена парк?

Колку од вас ги заболела душата за масакрот над зелените тревни површини, за теророт на паркот-шума Водно? Малкумина од вас ќе побараат да седнат на пиво и ќебапи у чаршија или па ќе се присетат на игранките по старите скопски дискотеки.

Џабе си од Скопје ако фрлаш кеси со ѓубре од прозор или ги оставаш да смрдат у лифт. Џабе си од Скопје ако не плаќаш 100 денари за чистачка а фрлаш пикавци по скали!

Денес ги нема..како и старото корзо. Колкумина од вас тажат што во Скопје ги нема рок свирките и станавме бездушно дувло на кичерај и турбофолк? Колкумина од вас ги заболе искрено што му ја земавте душата на Скопје? Што ги уништивте скопските паркови каде некогаш бркавме девојчиња а денес никнуваат згради? На колкумина од вас им фали Ф.К Балкан од Чаир и пекарата во Чаир кај мајче? Колкумина од вас иксрено жалат за нашето разурнато Скопје, по 1963 година??? Многу ги има што се од Скопје, но прашање е колкав процент од нив живеат скопски?