Двојно зголемени нивоата на Треска и Вардар кај Зајчев Рид

Двојно е зголемен водостојот на реките Треска и Вардар кај Зајчев рид, покажуваат најновите хидролошки мерења.

Кај сите останати реки во државата нивоата се над февруарскиот просек, освен кај Крива Река, Брегалница и Црна Река кои се неколку сантиметри под просекот. Најизразена е ситуацијата кај Црна Река каде денешните мерења покажуваат дека нивото е 108 сантиметри наспроти февруарскиот просек од 149 сантиметри.

Кај езерата нема драстично поместувања во однос на просекот за февруари.