Двојна блокада за велосипедисти кај „Даре Џамбаз“

Само што беа поставени новите контејнери во Скопје, велосипедистите веднаш реагираа дека плански овој зафат не е доволно добро изведен и дека дел од нив се поставени на самите патеки и го попречуваат движењето со велосипед.

Кога ова ќе се искомбинира со очајната сообраќајна култура во главниот град се јавуваат случаи како овој на фотографијата, регистриран кај „Даре Џамбаз“, каде велосипедистите се целосно блокирани на патеките кои би требало да бидат обезбедни само за нив...