Две вооружени драми во Скопје: Ограбени аптеки

Од две аптеки на „Зегин“ на две различни локации во Скопје синоќа непознати лица со употреба на закана со пиштол го одзеле дневниот промет.

Едниот грабеж се случил во аптека на „Зегин“ која се наоѓа на булеварот „Крсте Мисирков“ околу 20.20 часот во Скопје, а другиот дваесет минути подоцна, во 20:40 часот во аптека која се наоѓа на улица „Козле“.