Две во едно: Реката Треска покрај за разладување на скопјани им служи и за миење на автомобили

Скопјани многу пати знаат да се разладат во водите на реката Треска. Особено за викенд или празници брегот на реката е полн со посетители.

Топлото време скопјани го користат за да се разладата некаде далеку од метрополата и од метежот, но освен луѓето понекогаш мора и автомобилите да се разладат.

Такво разладување речиси може да се забележи секој викенд кога посетата е многу поголема.

Речиси секој вози скап и модерен автомобил, но зошто да се даваат пари за миење и чистење на истиот, кога во реката тоа може да се направи за без пари.