Две средношколки истепале соученичка во „Васил Антевски-Дрен“

Две ученички во средното  училиште „Васил Антевски-Дрен“ нападнале нивна сочуеничка.

Според информациите на МВР,  на 4 октомври околу 17,30 час било пријавено дека во кругот на средното училиште „Васил Антевски Дрен“ 16- годишна малолетничка била нападната од страна на Е.И.(18) и уште една 16- годишна малолетничка, двете од Скопје, кои ја удирале со раце и нозе со што ѝ биле нанесени видливи повреди во пределот на главата и телото.

Од страна на полициски службеник бил направен записник за примање на пријава и два записника за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.