Две скопјанки нападнати од куче скитник

Во текот на вчерашниот ден две жени во полиција пријавиле напад од куче скитник на скопската улица „Партение Зографски“.

Двата напада се случиле на четврти март годинава и двата околу 13 часот.

Првиот напад го пријавила скопјанката Т.Н.(30) која рекла дека на улицата била нападната и касната од куче, при што се здобила со повреда на десната нога. Во вториот напад на куче на истата улица и речиси во исто време триесетгодишната О.В.(30), била нападната и касната при што се здобила со повреда на левата нога.