Две опции за новото име на МАНУ

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека течат добро разговорите за преименувањето на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ.

– Преименувањето ќе се случи, вели Заев, додавајќи дека МАНУ треба да одлучи дали ќе биде Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.

Но, потенцира премиерот Заев, многу е важно како е регистрарана академијата секаде низ светот и, подвлече, пријателите од Грција тоа да не го спорат.

– Верувам дека работите се движат позитивино, рече меѓу другото Заев.

Истакна и дека во тек е спроведувањето на владината одлука за преименување на 136 државни институции.